Wednesday, July 19, 2006

Петиција: Стоп - опасност од легализација на педофилија

Ова писмо во мојот мејл бокс го добив утринава од Првата детска амбасада Меѓаши - Скопје. Го пренесувам во неизменета форма. Писмото е во врска со информацијата дека холандскиот суд дозволи формирање на Партија на педофилите. Можете да ја посетите страницата на холандската организација The Foundation Profit for the World's Children, петицијата може да ја најдете и потпишете на следниот линк на холандски, а преводот на оваа петиција на македонски гласи:

СТОП- ОПАСНОСТ ОД ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ПЕДОФИЛИЈАТА

СТОП ЗА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА КОЈА ГИ ЗАСТАПУВА ИНТЕРЕСИТЕ НА ПЕДОФИЛИТЕ ????

Во интерес на сите деца се спротивставуваме на основањето на ПНВД (Партија за братска љубов, слобода и разновидност). Претпоставувајќи дека неконтролирани дејствија со малолетници или пак наведување малолетници на такви дејствија, или дури и предвремено изложување на малолетници на такви дејствија, е многу штетно за детето, нагласуваме дека ПНВД претставува опасност за општеството воопшто а особено за децата, и затоа нема легитимитет. Според проф. д-р. Ц.Ј.М. Вилемс - истакнат професор за правата на детето, тврди дека Јавното Обвинителство може да ја забрани и распушти ПНВД (чл. 20 книга 2 Граѓански кодекс) бидејќи и се спротивставува на јавната безбедност. Доколку ова не е доволно, тогаш бараме адаптирање на Холандската легислатива која би и овозможила на Холандската Влада да ги заштити од педофилите децата и нивните интереси. Децата заслужуваат особена нега и заштита и целото Холандско општество мора да се крене на нозе за ова. Владата може да постави јасна граница во овој случај: “Не го толерираме ова во нашата земја. Мора да предничат интересите на децата.”

Потпишете ја петицијата на оваа интернет страница

Сите гласови се собираат и ќе се однесат до надлежните институции. Препрати ја оваа порака на пријатели и познаници.

For contacting the Ministry of Foreign Affairs a feedback form can be filled in on the website.


The minister of Justice can be contacted at: vragenaanministerdonner@minjus.nl

The foundation which organised the petition is:

NO KIDDING

Postbus 191

3850 AD ERMELO

tel: 0341-495848

fax 0341-495817 е-mail m.vandenroovaart@no-kidding.nu

The foundation that started the court case is:

Stichting Soelaas

Thomas Heyman & Ireen van Engelen

Postbus 36075

1020 MB Amsterdam stichtingsoelaas@chello.nl

The court cannot be contacted concerning decisions taken, although they have a reaction form on the website. This is more about a question or comment concerning the website. The website of the court is: www.rechtspraak.nl

© arheoblog 2006

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online