Friday, June 02, 2006

Демистификација на изрази со познато или непознато етимолошко потекло

Во неможноста да се презентира дел од сопственото и светското културно наследство, а истото да биде лишено од зборови со познато или непознато етимолошко потекло, ќе се обидам да дадам едноставно објаснување на дел од стручните термини со кои барата Законот за заштита на културното наследство
Одделни изрази употребени во Законот за заштита на културното наследство го имаат следново значење:
1. “Заштита на културното наследство” во смисла на овој закон е истражување, идентификација, валоризација, ревалоризација, категоризација, прогласување, регистрација и означување на културното наследство, негово чување, почитување, негување и одржување, конзервација, реставрација, реконструкција, дислокација и ревитализација, како и превенција, надзор, реституција, презентација, популаризација и секој друг облик на непосредно или посредно зачувување на културното наследство што се остварува во јавен интерес (во натамошниот текст: заштита);

2. “Културно - историско значење” е општокултурно и друго значење што е од јавен интерес од гледна точка на општата или националната историја, културата, уметноста, науката или техниката;

3. “Национален”, односно “национална” е поим што се употребува во смисла на Законот за култура и меѓународните конвенции предметни за заштитата на културното наследство и го одразува јавниот, односно државниот интерес во културата;

4. “Валоризација” е стручна и научна процена на вредностите и својствата на добрата според утврдени критериуми, во функција на нивно ставање под заштита и подведување под соодветен режим на заштита;

5. “Ревалоризација” е стручно и научно преоценување на вредностите и својствата на културното наследство, во функција на потврдување, проширување, засилување или намалување на дејството на заштитата, вклучувајќи и нејзино изземање или престанување;

6. “Категоризација” е определување на степенот на значење на културното наследство во јавен интерес, во функција на пропишување соодветен режим на заштита, утврдување на приоритетите во заштитата, разграничување на надлежностите и примена на ратификуваните меѓународни договори;

7. “Одржување” е задржување на културното наследство во состојба на оптимална целосност и функционалност, со навремено преземање на оперативни мерки и дејствија што програмски се повторуваат;

8 “Чување” е систематско надгледување на состојбата на заштитените добра, нивно засолнување, сместување, складирање, амбалажирање и друг облик на згрижување, правилно ракување, физичко и техничко обезбедување од неповикан пристап или неовластена употреба и штетни дејствија од кој било вид и осигурување од ризици на кои тие се или можат да бидат изложени;

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online