Thursday, June 01, 2006

Автостоперски водич за христијанската религијата

Уште на почетокот ви кажувам дека овој мој поглед не представува релативизирање на работите, туку чисто објективно научно археолошко гледиште, намерно лишено од секаков вид на емоции...
Да претпоставиме дека со помош на Автостоперкиот водич доаѓа турист на Земјата. Да претпоставиме и тоа дека дека ова суштество е разумно, ама лишено од можноста да се разбере со нас. Што тој ќе дознае ако посака да го спознае духот на европската религија, проучувајки ги црквите. Ќе види јагне, магаре и вол, како и огромно количество на измачени, камшикувани или ранети ликови. Каква ли идеја ќе си створи за христијанската религија и мисла?

Ајде од почеток. Да кажеме дека овој наш ѕвезден патник сепак одлучил да остане уште малку и да ги проучи црквите. Ако се задесил при држење на миса или литургија, сигурно приметил дека сите христијани прават чудни стеротипни обичаи околу-наоколу веќе со илјадници години, без било каков смисол, и ги завршуваат со ритуалот каде се јаде парче на леб. Она кое прво ќе му падне на памет е дека се работи за некој магиски елемент во нивното верување чија цел е веројатно да се осигура подобро житородие.

Да отидеме понатаму и да го замислиме нашиот патник како ја проучува внатрешноста на црквата. Да претпоставиме дека имал доволно трпение да проучи дваесет или стотина цркви. Ќе востанови дека:

- градбите се секогаш свртени во ист правец
- деловите им се горе-доле константни
- постојат повеќе предмети кои покажуваат еден човек распнат на крст
- тој истиот човек може да се види на многу слики вдолж ѕидовите, во различни ситуации и опкружен со различни физиономии
- овие материјални сведоштва одговараат на еден поврзан систем каде крстот и сликите се цврсто зададена тема.

Дали тој воопшто може да си ја претпостави врската помеѓу обредот на јадење парче леб и распнатиот човек?

Лишен да разговара со интелектуалец од прв ранг без фелер, дали овој наш патник би можел да ги реконструира христијанската мисла и Евангелие, за да на крај дојде до заклучокот дека позади тие неразбирливи сведоштва стои некое повисоко симболичко значење? Од целиот направен инвентар, неговата реконструкција за религијата на христијаните би била зачудувачки неточна (а и како не би била) и веројатно ќе одговара на заклучокот дека овие луѓе имаат добро разработена космогонија и прилично развиени поими за промените на животот и смртта.

Сликата која се добива на овој начин ќе се сложите дека е сосема поинаква од онаа која ние ја познаваме, но сепак содржи дел од вистината до која е дојдено по еден сосема мејнстрим пат. Археологот пред фактот за религиозното верување се наоѓа во иста положба како овој наш разумен патник кој се истоварил на Земјата, а му е непознат верскиот феномен кај човекот. Можеби оваа логика ќе ви се причини апсурдна, НО..

Секое седиште има сопствено гледиште и објективноста во археологијата е предност, а не предизвик.

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online