Thursday, June 01, 2006

Посетете ја изложбата - Технологијата на праисторискиот човек

ИЗЛОЖБА ЗА ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЧОВЕШТВОТО
EDIT: изложбата е на 31.05 2006 во 20:00h
УТРЕВЕЧЕР ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПОСТАВКАТА КОЈА Е ГОСТУВАЊЕ ОД ХРВАТСКА, ЌЕ ЈА ОТВОРИ АМБАСАДОРОТ ИВО КУЈУНЏИЌ

Како се развивале технологиите од најстарите палеолитски периоди? Како еволуирал човековиот род со промените кои настануваат со употребата на глината, а подоцна и на металот? Како ги изработувал праисторискиот човек своите алатки од камен? Одговорите на овие интересни прашања ќе може да ги пронајдеме на изложбата "Почетоците на технологијата", која утревечер ќе биде отворена во Музејот на Македонија. Оваа поставка доаѓа од Археолошкиот музеј од Загреб, Хрватска и е возвратна посета на изложбата "Македонските бронзи", којашто беше презентирана во Загреб, изминатата година.
На изложбата, која ќе ја отвори хрватскиот амбасадор во Македонија, Иво Кујунџиќ, ќе бидат презентирани артефакти и фотографии од најстарите праисториски периоди. Акцент е ставен на старото камено време, односно на почетоците на животот на човекот на нашата планета.

"Ова е прва изложба од ваков вид кај нас. Освен обичната публика, многу е интересна и за научната јавност и за студентите бидејќи има едукативен карактер и може да се видат различни важни периоди од развојот на човештвото", вели Љиљана Шаламанов-Коробар, виш кустос за старо камено време. Таа додава дека Хрватска е земја со богата традиција за археолошки ископувања и истражувања, и тоа од крајот на 19 век, нешто што кај нас почна подоцна.

Публиката ќе се забавува и со краток филм, на кој ќе биде демонстрирана изработка на камени алатки. Заедничката иницијатива финансиски е поддржана од нашето Министерство за култура и од Службата за образование, култура и спорт од Загреб.

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online