Friday, June 02, 2006

Љубов на компјутерски начин

Еден човек пишува на компјутер
љубовно писмо
и компјутерот му одговара на човекот
на монитор... наместо испраќачот.

Таа машина е толку совршена
тој компјутер за перење на чекови
и на љубовни писма
што човекот удобно настанет
во својата машина за живеење
го чита на компјутерот за читање
одговорот на компјутерот за пишување.
И во својот компјутер за мечтаење
со компјутерот за сметање
тој купува компјутер за вршење на љубов
и во својот компјутер
за остварување на соништата
тој врши љубов на компјутерот за пишување
со компјутерот за вршење на љубов.
И овој го изневерува со оној компјутер
со оној компјутер за умирање од смеење.*

* текстот е преработка на песната која во оригинал носи наслов ,,Љубов на роботски начин" од Жак Превер

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online