Thursday, June 01, 2006

Кодот на Мила

Зачнување

Зошто ме земаш
јас не сум Христова невеста?
доаѓаш непокането
си одиш ненајавено.

Ми вети божји дар
цела вечност за еден миг
и јас безумно се борам
зошто оваа глава веќе
не му прилега
на ова тело
а коските под кожата
почнаа да зборуваат.

Појавление

,,Секоја перцепцијата има
3Д квалитет."
,,Молам" -реков
,,зошто тогаш се дрзна
да ми завештиш"...

нешто што не се купува,
продава, одзема, додава,
не се гледа ни чувствува
не се губи
ниту проштева.

Жигосана

Носам аманет на челото
втиснат печат јасно видлив жиг.
Знам од каде доаѓам
и каде ме праќаат

Го давам своето сведоштво
да остави печат на времето,
се жигосувам себе си по душата
никогаш во животот да не заборавам
на кого припаѓало
тоа што вредело. (Мила)

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online