Wednesday, May 24, 2006

Го оличив мојот блог

Се запрашав колку всушност треба да биде лично она кое што го пишуваме на својот блог. И колку лично тоа треба да биде? Ако не пишуваш лични работи, тогаш ќе изгледа се многу стерилно. Ако пишуваш глупости, никој нема да те чита. Ако пишуваш премногу лично, тоа може да биде сватено во погрешна конотација.

Секој збор сведочи за нас. За тоа какви сме навистина, што не засега, што не боли, што не прави среќни, што не нервира... Блогот е тука и кога патиме и кога се радуваме...Значи прашањето е дали треба да се размислува на кој начин да се пишува, да се бираат зборовите или тие да одат по рандом..како што ни надоаѓаат мислите?

А зошто?

Затоа што е факт дека се што праќаме на нет, останува запишано таму на небото, во некоја архива, на некој сервер...и ако излезе некогаш на некој претражувач нашиот коментар, дали сме навистина спремни да се соочиме со себе си?

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online