Monday, May 22, 2006

Насилството и жената


Ова е тема која некако тивко се протега веке подолго време низ блогерајот. Мислам дека ја почна Баздарџијата, ја продолжи Оксиморон, а гледам се надоврзала и Зомбификација.

По овој повод би сакала да го кажам и моето скромно запазување. Значи секоја жена (тука мислам и на секој човек воопшто), тоа што го мисли во себе за самата себе, тоа ќе и се отслика во реалноста.

Кривицата е во самите луѓе и нивните одлуки. Конкретно за насилството. Ако имаш некоја навика, тогаш запрашај се зошто таа служи? Што се добива со неа? А што ќе се случи ако се ослободи од неа?

Често слушам како луѓето зборат:,,Абе животот би ми бил подобар, ако.." Епа тоа ако е решение на целиот проблем. Значи проблемот е внатре во менталниот склоп. Ако веруваш дека можеш подобро, зошто тоа не го сториш ЖЕНО?

Зошто веруваш дека не заслужуваш подобар живот?

коментарите можете да ги оставате тука


No comments:

 

blogger templates | Make Money Online