Saturday, May 20, 2006

Трет Пролетен Базар на Ракотворби

Во моментов во хотелот Arka (сред Бит-пазат, Скопје) се одрржува Треттиот Пролетен Базар на Ракотворби. Базарот е организиран од страната на МАТА (Macedonian Artisan Trade Association) и ќе трае до утре. Како и по обичај учество земаат креаторите на македонски ракотворби и креативни занаети, кои во овој случај се распослани на трите спрата од хотелот. Иако наизглед сето тоа делува океј, во суштина просторот е неадекватно оптимизиран за учесниците и целата организација е на незавидно ниво. Секако дека тоа не го намалува квалитетот на презентираните производи каде секој може да си најде по нешто за себе почнувајќи од накит, традиционални музички инструменти, керамика, ковано железо, филигран итн.


Линкот на организацијата е поставен на http://arheo.blog.com.mk

во врска со било какви прашања во однос на занаетите, примам mailto: prorochica@yahoo.com

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online