Friday, May 26, 2006

Не ќе да е тоа анфас, туку профил

Читам требало да се стави слика на газдата на блогот. Јас имав еднашка ставено слика која стоеше неколку дена и ја одстранив не само поради оф топик коментарите (посебно оние од нерегистрирани корисници), туку поради лични ставови кои ќе ги дознаете ако си проролате по мојот блог на Блогерај.

Пошто бев тука и таму прозвана, што посредно што неспосредно, еве реков и ја да си стаам едно сликче, ама не ќе да е тоа анфас туку профил. Како нарачано ми дојде сабајлево одењето до ГТЦ каде сртенав четворица типови кои создаваат една необична улична урбана уметност - работење на профили во хартија за само 2-3 минути. И така додека клиентот си чека на својот профил, може да си направи лежерен муабет со момците.

Не знам дали е за верување дека тие специјално студирале 3 години на факултетот за убави уметности во Асизи, Италија, и 10 години се на улица работејќи го ова. Ама знам дека покрај уметност, ова е една голема умешност, и пред се многу креативност и усовршеност во техниката. Конктетно мојот профил ми го направи Бленди (тоа му е уметничкото име) едно урбано градско скопјанче што лебот си го заработува на овој начин, и како што кажа, ќе биде овде во Скопје само уште две недели. Изволте мојот профил.

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online