Thursday, May 25, 2006

Краток курс по археологија на симболите...

или објективна археологија

Пред некој ден го гледав филмот ,,Рудниците на Цар Соломон", со Patrick Swayze во главната улога. Немам намера да ви го раскажувам филмот, ниту пак да давам критички осврт. Она кое ме натера да го напишам овој пост беше една сцена во која погребуваат домородец, и при закопувањето член од екипата (англичанец-генерал во пензија-кој се затекнал со експедицијата) од почит во гробот му остава свој џепен цасовник кој некогаш го добил како поклон од Кралицата на Англија.

Можеби кај повеќето од гледачите оваа сцена ќе помине незабележано...но таа по многу нешта е важна за архелогијата, а и за етнологијата и етнографијата како нејзини помошни науки.

Зошто ја потенцирав токму оваа сцена. Затоа што поради оваквите, би рекла сосема махинални човекови постапки при некои обреди, се прават работи со кои може да се збунат идните генерации на истражувачи. Дали оваа сцена во целост ке ги отслика домородечките традиции или некогаш во иднината при некое археолошко ископување ќе внесе забуна за постоење на одреден материјален објект кај култура која не го поседува истиот и со тоа ке биде основа за изведување на сосема погрешни заклучоци, особено во доменот на духовните сведоштва.

Еден француски етнолог од светски калибар, Андре Лероа Гуран, кој воедно бил и одличен археолог и палеоантрполог, во своите белешки оставил значајни сознанија. Ќе земам само еден од многуте примери за објективни археолошки согледувања.

Замислете дека во еден ист век живеат еден калуѓер и еден генерал. Калуѓерот е голем верник, а генералот тежок атеист. По обичај кога умираат, калуѓерите се закопуваат без било какви прилози во гробот. За разика од нив генералите при церемониите се закопуваат со своето оружје, привезоци на униформата, лични работи, по некој трофеј (како канџи) или беџ со крилатите фигури на Слободата и потомството. По десеттина века нашиот атеист веројатно ќе испадне верник на некој култ на непознати женски божества, а скелетот на монахот засекогаш ќе ги сочува тајните на своите верски убедувања.

Постои едно нешто што не ми се допаѓа кај археологијата. Кога археолозите во некој гроб ќе најдат предмет од непознато потекло или неадекватна конотација (значи не можат никако да му најдат н.з.с.) веднаш го сврстуваат во редот на култни предмети. Поентата ми беше дека симболичките манифестации низ вековите треба да се проучуваат многустрано, бидејки не секогаш се потврда за обичаите (посебно верските).

Exeptum probabat regulam...познатата латинска поговорка е сосема погрешно транскрибирана. Исклучокот не го потврдува, туку го проверува правилото.

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online