Wednesday, May 24, 2006

Каменото срце на Лондон

Нема само Скопје урбани легенди туку и дрги градови низ светот. Така на пример Лондон го има својот камен, еден древен и мистериозен објект кој е споменат од Шекспир, Вилијам Блејк и Дикенс.

Мистериозниот Лондонски камен ќе биде заштитен од зградата која треба да се руши. Дали со тоа Лондон ќе биде заштитен од старата античка легенда?

Означен како една од најважните градски реликвии уште од Средниот век (ако не и порано) ,,Лондонскиот камен" беше предмет на повторно внимание кога се појави веста дека ке се преместува во British Museum како експонат, поради тоа што зградата на која е потпрен, ќе се срамни со земја.

По мое мислење заштитата на Каменот и не е толку лоша идеја, со оглед на тоа што заедно со Tower Bridge, за овој реликт се врзува и една позната британска изрека : ,,Се додека каменот на Брут е заштитен, Лондон ќе напредува". Smilingповеќе

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online