Tuesday, May 23, 2006

Антиквитети

,,Кој е вкусот на вашата личност?"
- праша тој.
И почна да ги јаде
своите емоции.

,,За Аполо или Салома се решивте"?
,,Знаете...
Бојата е острица
и служи за одбрана."

,,Ах не"- реков
,,убавина и уметност
е како соба
со ѕидови
поставена во морето."

,,Добро тогаш
за вас една окерина,
препорачувам,
и една капка
вознемирена абсорпција."

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online