Friday, May 19, 2006

Архео-филателија

или археологијата и културата одштампани на поштенски марки.

Поштенските марки обично се мало квадратно парче на хартија кое се лепи или атачува на ковертот и означува дека особата која што го праќа тоа писмо или пакет веќе си платила за својата испорака. Тие може да се колекционираат, а проучувањето од страна на стручњаци во однос на нивниот дизајн, производство и употреба откако се одштампани, се вика филателија.

Сте гледале гарант по филмови (посебно оние со историска содржина) дека порано луѓето ги запечатувале своите писма. Ќе капнеле растопен восок на писмото и пред да се стврдне на него ќе втиснеле знак со печат или прстен. Околу 1830 год. на англичанецот Роуленд Хил му дошла идејата за примена на марките за да се олесни испраќањето на писмата и пакетите. Така првата земја која употребила поштенски марки нормално била Велика Британија во 1840 год. На другиот дел од полутопката, верувале или не прва држава која ги употребила била Бразил (во 1843) а не САД, каде влегле во употеба по 4 години.

Поштенските марки некому се професија, некому хоби. Во првата категорија можеме да ги сместиме Македонски телекомуникации и нивниот оддел за филателија чиј официјален историјат започнува во 1992 година, по распаѓањето на Југославија, иако употребата на поштенскиот сообракај на нашата територијата, своите корени ги влече многу пред тоа.

Со оглед на тоа дека поштенските марки се дел од брендот за промовирање на македонската археологија и култура воопшто, нивното современо значење воопшто не е спорно. Како една од малкуте работи кои циркулираат по светот, представуваат релевантен репрезент на нашата култура. Мене лично ме интересираше само оној дел на поштенски марки на кои се наоѓаат предмети од археологијата, етнологијата, историјата, уметноста, фрескоживописот, архитектурата (или културата воопшто).



Поштенските марки освен по години, организирани се и по следните категории категориите:

» Редовни поштенски марки
» Фауна
» Флора
» Европа Цепт

Исто така концентрирани се и на одредени тематски целини од кои некои се периодични а други перманентни... како:

Кампањата на Македонски Телекомуникации ,,навистина блиски" многумина ја осудуваат, но што се однесува до поштенските марки, луѓето ни самите не се свесни колку всушност навистина им е блиска археологијата и културата воопшто.

Признајте дека повекето од вас постојано ги гледате марките, ги купувате, ги лижете, ги плукате, ги лепите, ги праќате, а ретко погледнувате што има на нив?

2 comments:

Ицко said...

Добредојде на Блогер... И батали го тој блогерај. иначе букар тењ има спомнато дека мигрираш од блогерај.

Arheoblog said...

фала, фала, па еве полека ќе почнам да мигрирам...за сега постовите ќе одат овдека а сликите и инфото ќе им ги лепам на блогерајот ;)

 

blogger templates | Make Money Online