Thursday, May 25, 2006

Историјат на наградата Прицер

Најпрестижното признание во областа на архитектурата - Прицеровата награда е воспоставена 1979. година од страна на фондацијата Хајат како годишно признание на архитектите чије дело демонстрира сплет од квалитет - талент, визија и посветеност, со чија помош е остварен траен и значаен допринес во општеството и градежничкото опкружување преку ,,уметноста архитектурата. Често ја опишуваат и као Нобелова награда за архитектура.

Награда своето име го добила по фамилијата Прицер од Чикаго, позната по разните добротворни и културни активности, кои тие сметале дека треба да ги охрабруваат и стимулират. Целта не им била само да ја поткренат свеста на јавноста за изградените простори, туку и да инспирираат креативност во архитектонската пракса.

Номинаците го поднесуваат државници, писатели, здруженија на архитекти, т.е. виртуелно секој кој придонесува за значаен напредок и развој на архитектуата. Наградите се доделуваат независно од националноста, потеклото или идеологијата. Секоја година, заклучно со јануари, се поднесуваат преку 500 номинации од повеќе од 47 земји во светот. Финалната селекција ја обавува интернационално жири со тајно гласање.

Лауреатите на Наградата Прицер добиваат парична награда од $100,000, како формално признание, а од 1987. година и бронзен медаљон кој го дизајнираше чикшкиот архитект Луис Саливан, познат као татко на облакодерите. На едната страна е името на наградата, а на спротивната се втиснати зборовите кои накратко ги опишуваат постулатите од делото ,,Десет книги за архитектурата од Маркус Витрувие: firmness, commodity, delight“, (цврстина, удобност, уживање).

Досегашните победници можете да ги видите овдека.

Ова година добитник на наградата е Пауло Мендес да Роха, а официјалната церемонија ќе се одржи на 30 мај во Истанбул.

No comments:

 

blogger templates | Make Money Online